“Фаворити” на Гостивар му подарија химна

Иако песната не е многу промовирана, сепак како што истакнуваат членовите од групата “Фаворити” песната “Гостивар” постанува химна за градот. Откако ја промовирамве во ИН продукција имаше добра гледаност и слушаност а имаше промоции и на други места, истакнуваат од “Фаворити”.

-Доволно е да се погледне во коментарите  по објавата на спотот дека гостиварчани се воодушевени, не само тие туку и пошироката јавноста. Песната има и уметничка вредност од друга страна и носталгична. Имаше во еден коментар дека е химна на градот. Искрено многу сме задоволни. Навистина наиде на добар одзив песната, истакнува Драган член од групата.

Групата “Фаворити” од Гостивар бележат соработка со како што велат цела македонска естрада, било тоа да е во поглед на авторство или пак музика.

-Скоро со цела естрада. Ете го спомнавме Златко Миладиноски, на Влатко Миладиноски песна на Валандово  имаше кој што бевме автори со неговиот брат. Понатака соработка со “Тандеми” групата , со момчињата од Струга “Стил бенд”, со некој нови млади имиња од нашиот град и од околината од Тетово , да не биде неблагодарно некого да прескокниме или не споменеме, вели Драган.

Неодамна “Фаворити” снимија нов видео музички проект со неколку одбрани македонски песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*