Татко ми ме малтретираше секој ден: Тешкото детство на Кристина Агилера

Иако навидум изгледа дека сите познати имаат живот во кој им тече мед и млеко, тоа не е така. Одличен пример за тоа е инзворедната пејачка Кристина Агилера, која имала тешко детство, кое го предизвикал нејзиниот насилен татко.

Таа својата тажна приказна од детствoто  ја раскажа за E NEWS: „Бев сведок на многу непријатни работи – премногу малтретирање, расправии, борби и сл. Како растев така се чувствував се понесигурно. Чувството на немоќ е најлошо чувство на светот. Како излез од таа безизлезна ситуација го имав само пеењето. Болката која доаѓаше од дома е местото од каде што доаѓаше мојата љубов кон музиката.“

Работите се искомплицирале кога нејзината мајка ја пронашла облиена со крв, а тоа Кристина и кажала: „Тато сакаше да одмори, а јас бев премногу бучна“. По овој инцидент мајка и решила да побегне со своите деца. Нејзиниот татко, Фаусто Агилера, бил пензиониран армински надредник и кога Кристина започнала да прави кариера, тој се обидел да се смири со неа. За ова таа изјави: „Кратко го вратив во мојот живот, но за брзо време сфатив дека не е неопходен во него“.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*