Секој слободен момент го минува со семејството, Марјан добива голема подршка од сопругата

Дваесет и пет години музичка кариера не се нималку за потценување, особено работа која е динамична и често пати е со големи отсуства. Марјан Коцев токму годинава го одбележува тој јубилеј, каде со своите бројни работни ангажмани е постојано отсутен од дома од своите најблиски и најмили. Како што впрочем и самиот вели, секоја работа бара жртва па така и неговата музичка ангажираност.

-Се си има своја цнеа. Секое отсуство не може да се надохнади, но ете штом се вратам дома, сакам да бидам со моите, со децата со сопругата. Секој момент да се биде со нив. Уште малку ќе се затопли времето па ќе ни дозволи малку да шеткаме и по паркови и да одиме на кафе заедно, сите. Секој момент што е слободен , што дозволува да се биде со фамилијата јас го поминувам. И вечерта  да имам свирка , јас сум дента со моите и го користам максимално секое време додека можам да бидам со нив. Одам дома и тука набрзина се подготвувам и ако треба да се руча , зависно како дозволува времето и на работа, истакнува Марјан.

Секако Марјан добива целосна подршка и од својата сопруга која има големо разбирање за неговата работа  и постојаниото отсуство од дома.

-Секоја работа си има свои барања, исто и естрадата, но можеби малку повеќе оваа наша работа. Бара малку повеќе разбирање. На почетокот кога се запознававме и објаснив каква е мојата работа, отсуство, турнеи. Последната турнеја во Австралија беше најтешка за неа затоа што сега сме со уште еден член во фамилијата плус, така да обврските се уште поголеми, плус со бебенце, така да тука е бабата, помага, додава Марјан.

Годинава Марјан има во план својот голем јубилеј од 25 години да го одбележи со исто толку и концерти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*