Оркестар “Маестрал” со уште една успешна Австралиска турнеја, трета по ред

Трета година по ред, битолскиот оркестар Маестрал Новата година ја започнува со турнеја во далечната Австралија. Така беше и оваа година, каде пет недели беа во оваа прекуокеанска земја и со заеднички настапи пред нашинците го поминаа најубавиот летен период во Австралија. “Маестрал” се прилично доста барани во Австралија, особео најповеќе со репертоарот на народна музика кој го имаат. Своите впечатоци од годинешната турнеја тие го пренесоа низ разговорт во ИН продукција.

-Петте недели поминаа прекрасно . поминавме преубава турнеја и овојпат. Да искористам прилика да ги поздравам прво организаторите , македонското друштво “Вардар”, цела управа во Перт. Беа прекрасни домаќини. Новогодишната ноќ ја поминавме заедно со нив, потоа имавме уште еден концерт кај нив. Имавме и две фамилијарни веселби. Поздрав генерално до сите македонци и сите оние кои помогнаа да се оствари оваа турнеја, а генерално “виновниците” беа Управата на македонското друштво “Вардар” од Перт.

Како што додаваат “Маестралци” во три и пол години одат три пати во Австралија, а годинава 80проценти од нивниот музички репертоар била македонската песна.

-Трите пати поминавме одлично , а во врска со репертоарот овојпат беше малку по македонско но имаше нешто и од нашите соседи. Меѓутоа, 80-92 посто беше македонски наши песни и не видовме разлика  во тоа што некогаш се повесели песните од соседите, меѓутоа не мора да значи. Концертите беа превесели , поминавме прекрасно , додава Иле од “Маестрал”.

Во заедничка придружба на оркестар “Маестрал” и оваа година беше млдиот Андреј, кој полека но сигурно веќе како да постанува дел од оркестарот. Секако и неговите впечатоци од преубавата Австралија се најпозитивни.

-На моја возраст прекрасно беше тоа искуство. Прекрасно поминав, видов многу убави работи. Преубавата Австралија немам коментар. Луѓето исто, нашинците се прекрасни , одлично си поминав, концертите исто така поминаа преубаво, воодушевувачки. Кај публиката исто така бев многу добро прифатен, со воодушевувачки коментари. Тоа најмногу ми придонесе како мотивација за понатамошна кариера и прекрасно поминав, се зборовите на младиот Андреј.

Што се однесува на музички план оркестар “Маестрал” во периодов имаат и нова песна која е со весела свадбарска тематика насловена “Отвори мајко порти широко” која планираат да ја промовираат на своите свадбени настапи а исто така подготвуваат и нова песна за крштевка.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*