Спасен и пријателите во мини Велигденско шоу

Познатиот Спасен Силјаноски деновиве снимаше Велигденско мини шоу во кое учевствуваат и дел од неговите блиски музички соработници. Овој проект се реализираше во етно ресторанот “Дедо Димо” во Куратица каде Спасен е чест гостин но и омилен кај тамошната публика.

-Одамна сакам да направам едно мало шоу, некој таканаречен мини концерт, каде што ќе ги соберам моите десетина најслушани песни и ќе ги презентирам. Така дојде до оваа идеја, еве точно пред Велигден, бидејќи ова шоу ќе биде пуштено пред Велигденските празници. Слушателите и гледачите има што да видат, се надевам дека ќе биде нешто интересно, несекојдневно и нешто сосема поинакво од она досега што сме го работеле и правеле, истакнува Спасен.

Покрај тоа што Спасен ги одбра да ги вметне своите најдобри песни на ова шоу, како што вели да не биде монотоно покани и дел од своите блиски музички соработници.

-Поканив и гости. Во интерес на времето има многу пријатели и колеги кои што би сакал да ги поканам, некои не успеаа да дојдат кои што беа поканети. Меѓу присутните беа групата “Чардак” од Охрид со кој што имам една голема соработка, се разбира и мојот драг колега а воедно и другар реномиран пејач Дарко Стојаноски. Тие ќе не почестат со по една песна на ова Велигденско шоу, алку да прошараме и да биде нешто поинтересно, како за нас така и за гледачите, истакнува Спасен.

Овој проект е прв од ваков карактер кој што го изработува Спасен а се надева дека овој новитет ќе биде интересен за публиката и ќе внесе поголема празнична свежина со одбраните песни кои ќе бидат отпеани во Велигденското шоу на Спасен со пријателите. Во шоуто се појавуваат групата “Чардак”и Дарко Стојаноски.

Спасен за прв пат во јавноста се појавува и со неговиот оркестар со кој веќе неколлку години активно соработува на сите негови настапи и како што вели “оркестар без кој буквално не може да дише”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*