“Бумбари бенд” најзастапени на охридската ривиера со работни ангажмани

Иако потекнуваат од Штип, што  би се рекло другата страна на Македонија, сепак “Бумбари бенд” се повеќе се застапени со настапи во Охрид. Како што додаваат моментално се повеќе нивните работни ангажмани се долж охридската ривиера.

-Моментано сме повеќе во овој дел, баш и за Нова година бевме тука, инаку приватни забави и веселби и такви свирки сме низ цела Македонија. Струмиц, Скопје, буквално насекаде, истакнува Тони од “Бумбари бенд”.

Оваа година бендот одбележува голем јубилеј од 25 години на македонската музичка сцена, каде тоа го одбележаа неодамна со видео музички проект во кој учевствуваат и дел од познатите музички имиња на естрадата. Што се однесува на понатамошните активности на бендот тие најавуваат и понатака бројни настапи.

-Во преговори сме за турнеја надвор од Македонија, за текот на оваа година но сеуште сме во преговори, така да не би откривал многу. Кога ќе има нешто конкретно ќе биде информирана јавноста, додава Тони.

За напоменување е и тоа што во неодамнешниот проект на “Бумбари бенд” учевство имаат и потомците од членовите на бендот Ивана, Елена и Петар кои се идната надеж и продолжеток на “Бумбари”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*