Ангел во план да пишува песни

Значи за релативно младо музичко име на естрадата, но Ангел Стојкоски се повеќе цврсто чекори и тврои на музичката сцена. Бележи бројни музички соработки со голем број познати имиња од естрадата но и покрај тоа што студира музика, сепак е веќе во размисла да отпочне со пишување и продуцирање на свои песни.

-Можам да кажам дека сега сум во почеток на тие мисли, дека треба да почнам некој мој текст да пишувам. Имам таков план, имам започнато но морам да го добијам тоа искуство за пишување на песни, се трудам во тоа и мислам дека во наредните години во мојата кариера ќе извадам една моја песна. Засега ме придружува мојот добар продуцент Ташко Грујовски кој можам да му се заблагодарам ги пишува моите текстови, музиката заедно со Илија Тотовски кој ги прави и аранжманите и кој ми свири клавијатура на моите песни, истакнува Ангел.

Ангел не ја исклучува можноста за соработка и со останати музичари од естрадата и како што вели засега е задоволен. Годинава Ангел ја отпочна со голема турнеја во Америка а деновиве ќе ја промовира и неговата нова песна која ја сними.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*