Сара Камчева новитет во група “Фаворити”

При неодамнешниот нов видео проект кој го реализираа гостиварската група “Фаворити” се појави и речиси ново музичко име кое досега беше помалку познато. Станува збор за младата и убава Сара Камчева која е дел од новиот музички проект на “Фаворити”. Притоа Сара открива како дошло до соработка со групата и колку е задоволна од нивното заедночко музицирање.

-Соработката се случи изминатите пет години, каде што бев повикана на една свадба да присувствувам од нивна страна и сум многу благодарна што испадна таа свадба, каде што се запознавме лично со нив и нашата соработка продолжи и понатаму се до денес, истакнува Сара, која додава дека по потекло е од Тетово па и самата близина си го направила своето за да биде уште поголема соработката со оваа група.

Помеѓу другото Сара е презадоволна од досегашната заедничка сорааботка со групата “Фаворити” и како што вели ќе продолжат и понатаму нивните заеднички настапи. Сара неодамна беше дел од видео музичкиот проект кој го реализираше групата заедно со Ин продукција, а Сара се појавува во неколку песни каде заедно со Горан,  машкиот вокал д групата одлично се надополнуваат во гласовните способности при пеењето.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*