Марјан: Потребни се весели љубовни песни кои ќе се пеат секаде

Годинава фолкерот Марјан Коцев одбележува голем јубилеј, 25 години од својата музичка кариера, зад која стави голем број хитови кои и денес се пејат и препејуваат од помладата генерација. Овој јубилеј Марјан ќе го одбележи со исто толку, 25 концерти и турнеи надвор од нашата земја. Секако како што вели ќе продолжи и понатака да твори и пее македонски песни.

-Работам и со едни колеги и со други и со “Бекрии” и со “Галакси” снимаме. Паралелно со тоа спремам два мои нови албуми. Спремам такви песни, нешто во стилот на љубовна тема, како што е “Ти само ти”, не да биде наследник на таа тема, ова ќе биде сосема друг ритам, но сепак љубовна тема. Сите што ми ги нудат песните, зборувам за автори на текст сите ми нудат текстови за плачење, за тажење, доста од тоа. “Ти само ти” може да се пее и на крштевка и на секакви свечености , тоа треба да ни биде репер каков текст треба да се прави.Љубовен каде што секаде може да поминува, истакнува Марјан.

Секако низ неговиот голем музички репертар застапени се и свадбарски и печарбарски песни, но сепак Марјан во моментов повеќе преферира љубовни песни со весел и брз ритам. Според него токму вакви песни фалат многу повеќе на музичката сцена. Тој најавува снимање на три до четири убави песни, кои се со љубовна тематика и ќе остават трага како и претходните негови песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*