Со хуманитарен концерт Гоце ќе го одбележи своето полнолетство на музичката сцена

Гоце Пејковски кого го нарекуваат “кралот на кафеаните” на 27 март ќе прослави 18 години од својата кариера. Овој голем настан Гоце ќе го одбележи со хуманитарен концерт кој ќе се одржи во ресторан “Розенберг” во Скопје.

-Се надевам дека ќе биде вечер за уживање пред се, бидејќи не правиме класичен концерт. Ќе отпеам неколку песни , околу 5-6 мои. 2009-та правев промоција на албумот, 2018-та правев нешто малку поголемо од тоа. концертот ќе содржи хитови што биле и ги одбележале овие 18 години. Станува збор и за традиционални македонски песни, ново компонирани, но и она без кое не можеме, балканската музика. Ќе биде вечер за уживање, истакна Гоце на прес конференцијата која се одржа.

Помеѓу другото како што беше напоменато, комплетниот приход од влезниците на концертот ќе оди за помош на Тоше Илиевски и Момо Николовски. Билетите се веќе пуштени во продажба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*