Во слободно време се секогаш со семејството

Во доесгашното музичко опстојување од јубилејни 25 години, “Бумбари бенд” имаат два свои албуми со авторски песни. Како што истакнуваат тие веќе се во подготовка на третиот албум на кој исто така ќе се најдат добро одбрани песни од македонската фолклорна музика која ја негуваат.  Секако промоцијата ќе биде во ИН телевизија со кој бележиме долгогодишна соработка истакнуваат од бендот.

-Моментално овие песни што ги снимавме се наши песни, но во преговори сме со некои други композитори и текстописци. Сеуште ја немаме склопено целата замисла во каков состав ќе биде, каков жарн ќе бидат песните и слично. Би сакале од се по нешто да има, но засега нека остане тоа мала тајна, истакнува Тони од “Бумбари бенд”.

Јубилејот кој оваа година го одбележуваа “Бумбари бенд” е најголема заслуга пред се на членовите на бендот но и на нивните семејства, со оглед на разбирањето кое го добиваат од семејството и преголемите заложби кои ги прават за да опстојат на естрадата. Сепак, како што велат, наоѓаат време да се одморат и да бидат заедно со семејството.

-Исрекно, многу малку сме присутни дома. Самите тие обврски моментално, разните тие свирки. Тој воедно е и професор во средно музичко, така да секоја прилика кога сме во можност ја поминуваме во кругот на нашите домови, додава Тони.

Неодамна во соработка со ИН продукција, “Бумбари бенд” снимија видео музички проект со кој ги одбележуваат своите јубилејни 25 години од нивното активно творење на македонската фолк песна на сцената.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*