Р.Кели направи скандал сред интервјуто со Гејл Кинг

Целото внимание вчеравечер беше свртено кон интервјуто што Гејл Кинг го направи со Р.Кели кој за прв пат јавно прозборе за сите обвинувања поврзани со сексуално злоставување на малолетнички и жени во неговиот дом.

Во еден момент, интервјуто стана толку тензично што Р.Кели стана и почна да плаче и да се однесува хистерично, додека Кинг остана ултра смирена дама со стил, а утринава по социјалните мрежи фотографијата од тој момент е една од најпопуларните.

Пејачот најмногу се растревожи во оној момент кога Кинг го праша дали е вистина дека имал афинитети кон малолетни девојчиња.

„Јас не направив ништо од ова за што ме обвинуваат. Никој од нив не ја кажува вистината. Ова не сум јас. Почнав да се борам за мојот живот“, рече музичарот низ солзи и бес гледајќи кон камерата.

По завршувањето на интервјуто, Кинг гостуваше во утринската емисија на Ци-Би-Ес каде посочи дека Кели тврдел дека има огромен број докази што потврдувале дека тој не е виновен, но со неа не споделил ниту еден.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*