Легендарниот саксафонист Ферус соработува со сите музичари од естрадата

Како специјален гостин во 25 годишниот јубилеј на “Бумбари бенд” беше поканет и кралот на саксафонот Ферус Мустафов, кој не го криеше задоволството што е дел од проектот кој се реализираше во ИН продукција а најповеќе поради фактот што и тој и “Бумбари бенд” ги поврзува градот Штип.

– Штипјани сме и еден од “Бумбарите” учеа со синми заедно, па така се знаеме и сме блиски, кратко истакнува Ферус.

Во проектот Ферус се јавува со неколку одбрани инструменталки отсвирани на неговиот саксафон, а помеѓу другото истакнува дека остварува музички соработки и со останати музичари од македонската естрада.

-Соработката ми е со сите музичари, со сите оркестри. Кога мене ми требаат јас ги вика, кога им требам ме викаат и така, додава Ферус.

Ферус буквално го има насекаде каде што е баран. Како што одговара на нашето прашање каде настапува, вели дека ни самиот не знае . Посебно сега е сезоната и незнам ни јас каде ќе бидам, е неговиот одговор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*