“Денес сум многу ќејфлија” ќе добие видео запис

“Ројал бенд” опстојуваат полни осум години на музичката сцена во нашата земја, а зад себе имаат и свое авторско дело. Тие неодамна реализираа и видео проект со единаесет кавер песни кои се со свадбарски призвук.

-Имаме една песна, наша авторска за која композитор и автор ни е Славко Ристески од Прилеп. Песната е стара некаде околу шест години. Се надеваме напролет дека ќе направиме и еден спот за неа. Песната се вика “Денес сум многу ќејфлија”, истакнува Тони од “Ројал бенд”.

Со оглед на тоа што песната е доста слушана и барана од страна на публиката, “Ројал бенд” веќе се со намера да направат и видео запис за таа нивна песна. Станува збор за свадбарска песна, која бендот многупати досега ја промовирале на своите свадбени настапи каде што свиреле.

Видео проектот кој “Ројал бенд” го снимина пред неколку денови беше реализиран во соработка со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*