Гоце –Балада за краток период најавува нова песна и спот

Неодамна го сними својот втор спот за неговата втора нова песна која носи наслов “Тоа остана”, но Гоце Илиески Балада не запира тука, за некој месец веќе најавува и ново музичко дело. Претходно-поточно минатата година Гоце го сними својот прв видео запис за неговата прва балада “Биди ти моја”.

-Официјално, за некој месец одиме со уште една нова песна, уште еден спот. Музиката и текстот ќе бидат мои, аранжманот ќе биде на Славко Ристески , така да најверојатно следната песна ќе биде балада. После во летниот период планирам уште една до две песни да снимам.

Како што истакнува Гоце, многу пати бил прашуван дали првата балада “Биди ти моја” е посветена на неговата сопруга, меѓутоа тоа не било така-песната “Биди ти моја” е посветена на еден пар-негови блиски пријатели кои што веќе не се заедно, па како резултат на тоа, таквиот настан го преточил во прекрасна мелодија и текст и испаднала песната Биди ти моја-песната која што веќе четири месеци зазема значајно место во музичкиот етер.

За напоменување е и тоа што Гоце секогаш добива безрезервна поддршка од својата сопруга Мимоза која како и претходниот видео запис, така и овојпат беше тука околу сите ситни подготовки на Гоце за снимањето.Како што истакнува самиот тој-има создадено и песни кои се посветени за сопругата, меѓутоа во таквите песни има зборови кои што зрачат со љубов, меѓусебно разбирање и поддршка, песни кои што ја опишуваат нивна поврзаност, нивната љубов и нивното меѓусебно разбирање-песни кои што како истакнува самиот тој-публиката сама ќе ги препознае.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*