Пред австралиската турнеја Влатко ќе го промовира новиот албум

Со оглед на големите работни ангажмани надвор од нашата земја, како што истакнува фолкерот Влатко Миладиноски неможе да се надева или пак да посакува да настапи на некое фестивалско издание. Како што впрочем вели и самиот неговата презафатеност надвор од нашата земја, бројните патувања по се изгледа нема да го дозволат тоа, но не ја исклучува можноста за некој фестивалски настап.

-Немам конкретни планови бидејќи имам доста патувања, така да како ќе ни се поклопат работите со песни, бидејќи мораме пред Австралија да го завршам и промовирам новиот албум за да го имам за таму, на кој што ќе се најдат песните “Велат не нема”, “Софке” сите други што веќе ги имам снимено, па за натака ќе видиме како ќе се поклопат коцките така. Немаме некој план по кој би се движеле, како ќе мислиме дека во моментот е најдобро така, истакнува Влатко.

Во периодов Влатко е ангажиран на постојани европски турнеи а на големо се подготвува и за престојната голема австралиска турнеја заедно со својот брат Златко и Дамјан Стојаноски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*