Ангел наскоро со нова псна

Младиот Ангел Стојкоски цврсто и сигурно чекори на музичката сцена, притоа зад себе оставајќи трајни вредности. Имено, зад себе има веќе два видео записи од кои едниот е преработка за македонската “Абер ми дојде од Солуна града” и вториот видео запис е за неговата авторска песна “Како да те преболам”. Во периодов кој следува Ангел најавува и нова песна со весел и брз ритам.

-На музички план спремам нова песна, морам да се пофалам. Ја спремам заедно со Ташко Грујовски и најголема поддршка имам од Илија Тотовски со кој бевме заедно на турнејата. Морам да им се заблагодарам нив и во текот на овој месец мислам дека таа песна ќе излезе и ќе им ја претставам на мојата публика, истакнува Ангел.

Тој не го отрки насловот на песната, но напомена само тоа дека ќе носи женско познато име, кое како што рече ќе биде изненадувње за публикта. Ангел неодамна беше на голема турнеја во САД заедно со Елена Велевска, Митко Бежаноски и Илија Тотовски Тота.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*