Ице: Голема е честа да се добие подарок од Ферус

Деновиве социјалните мрежи беа преплавени со информациите дека познатиот македонски саксафонист Ице Атанасовски добил подарок од легендарниот инструменталист Ферус Мустафов. Токму затоа во изјавата за ИН, Ице отворено кажува за подарокот и возбудата која ја доживеал при самиот чин на подарување.

-Да, точно е тоа. Голема е честа да се добие ваков трофеј од живата легенда познатиот маестро Ферус Мустафов, истакнува Ице.

Инаку тие важат и за долгогодишни соработници, каде најчесто Ице се јавува како придружник на Ферус на повеќе концерти.

На саксот кој го доби Ице има фотографија од Ферус, што значи дека тој стана дел од музичката школа и брендот Ферус Мустафов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*