За мене оскар е кога дечињата ќе ме препознаат на улица и ќе дојдат да ме гушнат, вели Шенка

Кога најмладите дечиња ќе ме препознаат на улица и ќе дојдат да ме гушнат тоа е за мене оскар, раскажува легендата на македонските народни прикзани Шенка Колозова.

Таа посебно е горда на ваквиот чин, особено поради тоа што оставила длабока трага во едно време кога на големо се негуваше македонската култура и вредност.

-Кога ќе дојдат дечиња да ме гушнат, секогаш викам еве ми оскар , тоа ми е награда голема. За тоа некој да ти се допаѓа или не не треба да се разбираш од глума. Работата е дали ти се допаѓа или не. Ако не ти се допаѓа нешто му фали на нему, појаснува Шенка.

Големата слава која Шенка ја стекна со македонските народни приказни претставува за неа огромна сатисфакција. Таа посебно го истакнува нејзиното патување во далечната Австралија, кое го прифатила покрај многуте покани кои ги имала.

Ми се исполни таа желба да играм претстава таму и направивме убава претстава. Ја изигравме пред преполни сали во Австралија, вистинска театарска претстава со полни сали. Тоа ми беше голем мерак, бидејќи безброј колеги отидоа но јас не сум од тие што знам да правам смешки. Со Ванчо направивме една убава претстава, со колеги од Австралија кои што имаа помали задачи. Ние двајцата тука ја спремивме претставата и многу добро поминавме. Мило ми беше што го направив тоа што го сакав и што помина добро, истакнува Шенка при нејзиното прво настапување во Австралија.

Шенка во периодов ужива во своите пензионерски денови со оглед на тоа што не се снимаат повеќе македонските народни приказни но е повремено ангажирана во повеќе театарски претстави наменети за деца.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*