Незаборавна забава на македонците во Швајцарија

На големата забава која викендов се организираше во Палерн, Швајцарија се собраа голем број македонци кои го прославија Денот на виното и на заљубените со преубавите македонски рефрени.

За добрата забава загарантираа најдобрите петнаесет музичари кои допатуваа од Македонија да бидат дел од оваа забава. Помеѓу звучните имиња беа група “Алегро”, Санде Митев, Јордан Митев, Кристина Стојкова-Пицикато, Драгана Костова, Џамбо Агушев, Џељо Дестаноски, Гоце Нанов Челик, како и диџеите Гурумикс и Матис.

Настанот беше во организација на Приок МК клуб во Швајцарија. Забавата траеше до долго во ноќните часови на што македонците едноставно уживаа во преубавите македонски звуци и беспрекорното заедничко дружење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*