Фустан на Мерилин Монро на аукција за 100.000 долари

This combination photo shows actress Marilyn Monroe posing over the updraft of a New York subway grate while filming "The Seven Year Itch" New York, left, and the dress she is wearing on a mannequin. The dress, created by Bill Travilla, is one of several items that will be up for auction in October 2018. (AP Photo/Profiles in History)

Црн фустан на познатата холивудска актерка Мерилин Монро ставен e на аукција.

Вредноста на волненото парче облека со ролка, е во тоа што таа го носела 1954 година на прес конференција, на којашто го најави разводот од бејзбол играчот Џо Димаџио, помалку од една година по венчавката.

На наддавањето закажано за 30 март, аукциската куќа Крас ГВС очекува фустанот да достигне цена меѓу 100.000 и 150.000 долари.

Мерилин Монро и Димаџио стапија во брак во јануари 1954, а глумицата како причина за разводот, кој беше финализиран наредната годинa, ја наведе „психичкото тормозење“.

Љубавно писмо кое Димаџио ѝ го напиша на Монро по конференцијата, беше продадено на аукција во 2014 година за 78.125 долари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*