Презадоволен од новиот албум кој му е доста баран

Минатата година го промовираше и својот нов албум со неколку нови песни, а реализираше и два видео

записи. Младиот Ташко Каранфиловски истакнува дека во голема мера е задоволен од издавањето на новиот албум, кој е баран од страна на неговата публика.

-Премногу сум задоволен. Навистина тоа беше албум кој почна да ме воздига. Баран е доста, да речам Шведска, Данска, Скандинавијата да кажам и тука. Има луѓе кои навистина ме обожаваат и сакаат да ме слушаат. Особено од мојот, преспанскиот крај, идаат ми бараат ЦД-а и навистина песните ги знаат, што за мене е голем плус, истакнува Ташко.

Со оглед на фактот што Ташко потекнува од преспанскиот предел на нашата земја, место кое е релативно мало но богато како со природни особености така и со музика, тој е доста баран на бројни веселби.

-Тоа е едно мало но прекрасно место. Секој си го фали своето. Меѓутоа јас можам за Ресен и за Преспа да кажам се најубаво. Доста сум баран, премногу сум баран во преспанскиот крај и навистина по оние празнични денови , каде што се на манастири, на фамилјарни веселби доста имам кај моите ресенчани , преспани да ги речам сум доста поддржан од нив. Тоа е голем плус за мене, додава Ташко.

Ташко долго време настапува и заедно со групата “Персиди” од Ресен, во која претходно бил и нивни член. Оваа група како што додава и самиот Ташко претставува вистински бренд во музиката за преспанскиот крај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*