Шенка Колозова: Жално е ако со умирањето на македонските народни приказни умираат и нашите глумци

Мислам дека и Ѓоко Јовиќ многу ги сакал приказните а и самата песна му е измислена и направена по

народна приказна, вели легендарното актерско име од македонските народни приказни Шенка Колозова, која беше неизоставен лик од тоа што пред неколку денови се снимаше за новиот видео запис на песната “Стојне на чорбаџи Стојана” од Ѓоко Јовиќ. Најмаркантниот лик од приказните со кои многу генерации проаснаа и израснаа, отворено пред камерата на ИН каува за тоа со каков преголем ентузијазам се снимале приказните, каков голем елан постоел за работа во секакви услови, било тоа да е лето или пак зима, за сето тоа денеска да се сведе на прекин на снимањето на богатото македонско творештво.

-За жал никогаш не зависело од нас глумците тоа. за жал секогаш зависело од тоа дали некој сака да ги снима или не. Моментално не снимаме , барем ние. Требаше да снимаме сето тоа отпадна, со сето ова нови нешта што се случуваат. Мислам дека нема веќе да се снимаат, барем ние мислам дека нема да снимаме. Според мене и доста беше. Ако веќе нешто се снима нека се снима а најтажното е што речиси ништо не се снима. Тоа е најлошото моментално, затоа што сме окупирани со други странски продукции, серии кои се лоши ама немаме наша , а постаршно нема ништо од културна окупација, вели Шенка.

Како што додава Шенка , културата е токму таа гранка која го држи напредокот на една држава.

-Мислам дека ако продолжиме вака, ќе се изгубиме. Мислам дека државата греши што никакви пари може да даде , ама да има наши теми од секојдневието. Нашите глумци да бидат сакани. Всушност со македонските народни приказни нашата публика почна да ги сака и запознава нашите глумци, дотогаш немаше глумци, сето тоа беа српски, хрватски , бидејќи само тоа се гледаше. Жално е ако со умирањето на македонските народни приказни умираат македонските глумци, вели Шенка.

Од особено значење е да се творат и понатака македонски емисии, програми бидејќи тие оставаат голема трага и обележје на времето во кое сме живееле и сме твореле, додава Шенка низ разговорот со голема болка поради ситуацијата во која се доведени токму некогаш најпознатите и најгледаните македонски приказни кои и тоа како даваа јасна поука на самиот крај.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*