Деси и “Адути” со голем репертоар на музика

Долго време се застапени на македонската музичка естрада, “Адути” и Деси се веќе препознатливи на сите нивни бројни настапи.

Петте момци и преубавата богданчанка Деси успеваат да ги задоволат сите музички вкусови на публиката , било каде и да настапуваат, со оглед на нивниот голем и широк репертоар.

-Имаме доста голем репертоар. Пееме македонски, српски песни, по нешто англиско, имаме и нешто турско. Опфатени се доста различни стилови на музика од рок, забавно, поп, турбо-фолк, народно македонско, изворно, едноставно сето она што е барано, истакнува Деси.

Од бендот истакнуваат дека и понатака ќе продолжат да ја негуваат нашата македонска музика. Минатата година ја заокружија со еден проект со македонски кавер песни кои се доста пеани и барани на повеќето свечености. Проектот го сработија заедно со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*