Ѓоко Јовиќ со нов видео запис за песната “Стојне на чорбаџи Стојана”

Максимално посветен кон работата и крајно професионален.

Ѓоко Јовиќ, во соработка со ИН продукција реализираше уште еден видео запис. Станува збор за песната која носи наслов “Стојне на чорбаџи Стојана”, која наскоро ќе добие еден мошне специфичен видео запис во кој најпрепознатливо ќе биде глумата од познатите македонски актери кои се јавуваат во спотот.

-Таа песна баш ќе биде македонска песна, со македонски манири. Мене навистина многу ми се допаѓа, кратко истакнува Ѓоко.

За тоа како дошло до идеја, Ѓоко да сними ваков видео запис, поопширно истакнува познатиот лик од македонските народни приказни, Владо Дојчиноски, кој како што појаснува Ѓоко побарал целосна помош и реализација на сценариото за видео записот.

-Идејата е , самата песна според мене си носи доволно идеја. Текстот на песната и начинот на која што е изведена го носи сето тоа наше македонско чувство. Мелодијата е од нашиот крај како што можам да кажам, а и текстот е еден многу интересен каде што самиот текст кажува што ние треба да правиме. Ние се водиме по тоа, има една многу убава приказна, а бидејќи сме искусни актери сме изиграле многу приказни од нашето творештво и многу лесно можеме да се вклопиме во целата таа ртабота, истакнува Владо.

-Го чувствувам како оригинален и несекојдневен и не сакав да прозвучи или да се гледа како секојдневен спот како сите што прават, туку да има нешто посебно. Некому можеби и нема да му се допадне но навистина мислам дека ќе биде гледан, истакнува актерот Љупчо Бојковски.

Со слично мислење околу одиграната беспрекорна улога на мајка во видео записот е и легендарната Шенка Колозова, која не го криеше задоволството од остварената соработка со како што вели најдобриот пејач на македонската естрада.

-Мислам дека и Ѓоко Јовиќ многу ги сакал приказните и мислам дека и самата песна му е измислена и направена по народна приказна и мислам дека затоа бараше да бидеме дел од сето ова. Мене ми е многу мило. Ова е исто така еден печат на сето она што досега сме го сработиле и се надевам дека публиката ќе ужива уште еднаш во една убава музика и во една убава приказна, споени заедно прв пат може да се каже. Досега не се направило нешто вакво. Затоа и прифативме. За жал третиот член од оваа екипа, познатиот Гоце Тодоровски требаше да биде дел од овој спот, но од здравствени причини не е во состојба инаку ќе бевме заедно овде, истакнува Шенка.

Со ваквиот крајно професионален ангажман на Ѓоко, тој речиси ја заокружи својата замисла да го сними и овој видео запис токму на само неколку дена пред неговото заминување на турнеја во далечната Австралија. Секако во видео записот се појавуваат и членовите од “Енерџи бенд”, кои се верни придружувачи на Ѓоко и кои обострао во заедничка корелација бележат низа успеси на музичката сцена.

Неодамна Ѓоко сними видео запис за песната која носи наменска тематика “За Велигден” и која досега ги надминува сите рекорди на гледаност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*