Дрејк продолжува со дарежливоста-Им оставил по 10.000 долари бакшиш на 2-ца вработени во McDonald’s

Фановите секогаш сакаат да слушнат кога нивните омилени ѕвезди се дарежливи и го споделуваат богатството, а Дрејк е вистински пример за таква славна личност.

Минатиот викенд, еден студент го видел Дрејк во McDonald’s како им дава на две вработени огромен бакшиш и веднаш го објавил моментот на Твитер:

„Само што го видов Дрејк во McDonald’s и тој им даде на две вработени по 10.000 долари… во кеш.“

Дрејк подоцна објави фотка на Инстаграм од McDonald’s на каса, со што потврдува дека момчето очигледно не погрешило и навистина бил тој.

Пејачот е голем фан на McDonald’s, а во октомври 2018-та тој се појавил на една негова забава во Лос Анџелес со кеси полни со храна од McDonald’s доволно за цел клуб.

Тој е исто така и познат по неговата дарежливост и споделување на богатството, земајќи предвид дека во 2013-та оставил 50.000 долари во една вечер во стриптиз клуб.

Исто така, за снимањето на спотот на „God’s Plan“, буџетот бил 996,631.90 долари, а тој го донирал целиот.

Сепак, откако вирално се прошири веста за бакшишот во McDonald’s, репортерите подоцна стапиле во контакт со PR компанијата што го застапува McDonald’s и вработените потврдиле дека тој не им оставил бакшиш од 10.000 долари, туку им дал на секоја по 100 долари.

Иако твитерџијата направил голема грешка во нулите, сепак тоа не ја намалува дарежливоста на Дрејк, а секој би посакал да работи таму каде што се појавува тој…

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*