Група Корона : Повеќе од 20 години на македонската естрада

Група Корона опстојува повеќе од 20 години на македонската естрада. Тие ја негуваат македонската традиционална песна и како што велат целта е зачувување на истата.

Важат за искусни музичари кои најповеќе ја негуваат традиционалната македонска песна. Група Корона се доста барани низ целата нашата земја, а постојат повеќе од 20 години со некои измени на членови низ годините.

-Група Корона постои околу 20 години. Се менуваа многу членови, постави, во тие сум и јас во поновите. А во оваа постава со овие членови веќе навлегуваме во 5-тата година. Ќе имаме и јубилеј. Нашата насока е да ја негуваме сепак македонската музика, бидејќи каде и да оди македонецот знае да пее и игра, да свири.-истакна Горанчо Ангелов, еден од членовите на група Корона.

Тие бележат одлична соработка со познатиот пејач Далибор Даки Ѓошиќ, со кој што веќе имаат два заеднички проекти, а веќе најавуваат и уште еден и се надеваат дека соработката со него ќе трае уште долги години.

-Се надеваме дека соработката со Далибор ќе продолжи и веќе сме во план за еден нов проект. Се надевам дека гледачите навистина ќе го препознаат она што ние го нудиме како краен производ, а тоа е една убава, традиционална малку дотерана музика која што мора да биде таква бидејќи се менуваат времињата и луѓето. Нашите навики остануваат, традицијата треба да ја чуваме и спакуваме во едно малку поразлично издание.-додава тој, при интервју за ИН ТВ.

“Она што е следно, сакаме навистина да влеземе длабоко во традицијата и да се појавиме во уште поразлично издание од досегашните. Сепак тоа нека остане како изненадување за гледачите.”-додава Горанчо, за естрадниот магазин Естрада плус.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*