Нова песна и спот најавуваат од Лајв бенд Скопје

Нова авторска песна за периодот кој следи најавуваат момците од Лајв бенд Скопје. За истата е планирано да се сними и спот во најскоро време. Инаку тие зад себе имаат две авторски песни и едно авторско оро.

Млади момци, кои важат за искусни музичари и најголеми поддржувачи на македонската народна песна. Лајв бенд од Скопје се добропознати на јавноста по бројните настапи низ нашата земја, но и по тоа што неуморно работат на снимање нов материјал. Во моментов тие подготвуваат нова песна за којашто планираат да снимат и спот, како што велат во соработка со ИН Продукција.

-Сега би било неблагодарно да го најавиме стилот на песната, нека остане тајна. Меѓутоа не застануваме тука, како ова шоу, така подготвуваме и уште една наша авторска песна која за краток период ќе имаат можност гледачите и слушателите да ја чујат и видат. Ќе биде со спот и здравје Боже овојпат ќе биде во соработка со ИН Продукција.-истакна Орде Неделковски, вокал на бендот.

Минатата година тие промовираа две авторски песни за кои што се изработени и видео записи, а на почетокот од 2019-та година го објавија и нивното прво инструментално оро кое авторско дело на Роберт Ангеловски, еден од членовите на Лајв бенд.

-Лајв бенд 2018-та ја помина прекрасно. Може да се пофалиме со две наши нови авторски песни, а и за двете песни имаме спотови. Презадоволни сме бидејќи сме релативно млад бенд од некои си четири години постоење, меѓутоа со премногу ангажмани.-додава Орде, при интервју за ИН ТВ.

Инаку, нивното најново самостојно шоу беше промовирано и емитувано за време на Новогодишните  и Божикни празници на сателитската ИН ТВ, а гледачите ширум светот имаа можност да уживаат со убава македонска народна песна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*