Теодора: Сакаме да понудиме квалитетни песни на музичката сцена

Минатата година го пласираа своето првенче во видео записите, а зад себе имаат бројни песни со претежно фестивалски настапи.

Бендот кој ни доаѓа од Кичево, “Профа” по видео записто за песната “Песно, животе мој” не застануваат тука, туку напротив како што истакнуваат ќе продолжат со творење на добра песна. Остваруваат бројни соработки со музички имиња а во неколку наврати, како текстописец на дел од песните се јавува и мајката на Теодора, Милена.

-Чекаме  нови текстови бидејќи не сакаме да биде нешто колку да се пушти да се врти. Значи сакаме да биде нешто поквалитетно. Моментално отворени сме за текстови па ќе видиме постепено, истакнува Теодора.

Со оглед на тоа што Теодора и Горан , кој го сочинуваат “Профа бенд” се во роднинска врска, дополнително на тоа одлично се вклопуваат во заедничката музичка соработка.

-Моето семејство ,никој не се заминава со музика дома. Меѓутоа мама ете има желба за пишување за текстови, песни. Си пишува дома. Има цела тетратка со текстови и такви работи, меѓутоа песната “Славен ден” беше тој текст што ми се допадна а има и многу други, но некако не се како за моја возраст. Таа повеќе си пишува за нејзина душа, истакнува Теодора.

Покрај бројните настапи кои ги имаа за време на празниците, како и во понатамошниот период од “Профа бенд” најавуваат дека ќе творат и понатака добри песни а нема да ги изостават ниту фестивалските настапи за оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*