“Велат не нема” подеднакво е барана и во Македонија но и надвор од земјава, вели Влатко

Речиси една година откако познатиот фолкер Влатко Миладиновски го отпеа големиот мега хит “Велат не

нема”, песната сеуште е многу барана и буквално ги руши сите рекорди. Токму затоа го запрашавме Влатко каде многу повеќе му е барана таа песна, дали тука во нашата земја или пак надвор од границите.

-Можам да кажам дека навистина за чудо очекувавме дека во тој крај ќе помине бидејќи е специјално за нив и генерално во дијаспората и навистина е тоа така. Меѓутоа какви реакции има во нашата земја јас тоа не го очекував. Можам да кажам дека е избалансирано некаде, меѓутоа и на мое изненадување и во Македонија се доживува тој делириум. Мислевме дека ете таму ќе помине се спомнуваат тие места, меѓутоа многу луѓе се пронајдоа кои може во еден стих да се пронајдат. Тоа е убава реакција и во Македонија, истакнува Влатко.

Инаку, Влатко и оваа година ја отпочна со преголеми работни ангажмани. Особено голем број патувања, од кои во моментов се наоѓа во Канада а веднаш потоа ќе отпочнат подготовките за неговата голема австралиска турнеја заедно со својот брат Златко и Дамјан Стојаноски. Како што вели период од цели шест години како не биле во оваа далечна прекуокеанска земја, при што очекуваат пред се убаво дружење и помин со македонците во Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*