ТОНИ ЦЕТИНСКИ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ“

Поп-пејачот Тони Цетински е добитник на наградата „Оливер Драгојевиќ“ за најдобар пејач, а која ја доделува една од најпознатите радиски емисии во Хрватска, „Мјузик паб“ на Златко Туркаљ.

Оваа награда се доделува од 1996 година, а од 2016 година го носи името на Оливер, откако сега веќе починатиот музичар даде дозвола да се користи неговото име.

„Огромна чест и привилегија е да се прими оваа награда, а истата ќе има посебно место во мојот дом, како што и Оливер има посебно место во моето срце. Им благодарам на сите што овозможија да ја освојам оваа престижна награда и ќе се потрудам да го оправдам сево ова низ годините што престојат“, рекол Цетински.

„Тони Цетински е еден од нашите најдобри пејачи во 2018 година, а покрај одлично конципираниот албум, имаше и два големи радиски хита – ‘Као у сну’ и ‘Генерал без чинова’. За истите песни од страна на слушателите и музичките уредници на Хрватското радио ги доби и наградите за хит на месецот во мај и јуни. Важна улога имаше и во документарниот серијал за кралот на фанкот Дино Дворник, кој се емитуваше на втората програма на Хрватското радио, а за која ја сними и одличната нова верзија на песната ‘Ти си ми у мислима’. Наградата оди во вистинските раце“, изјави Златко Туркаљ, авторот на радио-емисијата што ја доделува наградата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*