Гоце Петрески со нов албум

Со неодамнешниот дует кој го пласираа заедно со Анета Мицевска од групата “Молика” , Гоце Петрески го заокружува својот најнов албум.

На него ќе биде ставена и новатта дует песна која е насловена “Љубовта е сила, моќ” која е според текст на таткото од Гоце, Иван Петрески. Со музиката не се застанува, овој албум е веќе завршен и сме во преговори за да излезе, истакнува Гоце.

-Веќе работам на нови песни. Почнувам веќе со снимање на новиот албум. Работам интензивно затоа што имам уште волја ,ја сакам музиката. Додека можам ќе креирам нешто сега. Тоа дали ќе им се допане на луѓето или не ќе го кажат тие, истакнува Гоце.

Како што додава Гоце новиот албум ќе излезе во соработка со “Сенатор” од Битола, а промоциите на новиот албум ќе бидат на две места како во Австралија, така и во родната Македонија во летниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*