Гоце:Иако сме оддалечени секогаш имаме убава музичка соработка со Анета и група “Молика”

Уште додека беше во рдната Македонија изминатото Лето, Гоце Петрески ја заокружи дуетската песна со Анета од групата “Молика” а сега како да се чекаше Анета да отиде на големата австралиска турнеја па да се сними и спот за песната. Како што истанува Гоце, текстото на песната е од негвоиот татко Иван Петрески а станува збор за љубовна песна.

-Соработката ни продолжи со Анета и групата “Молика”. Морам да кажам дека сум пресреќен што ете толку години се знаеме, сме на голема далечина и пак си соработуваме на музичко ниво. Секогаш правиме песни и се надеваме дека тоа ќе биде нешто слушано. Досега како што гледам е добро прифатена и една голема благодарност морам да кажам и за ИН тв, големата подршка и медиумите како ИН тв ни се нас многу потребни, додава Гоце.

Помеѓу другото Гоце најлудата ноќ ја поминал работно и со големо уживање, како што вели заедно во придружба на своето семејтво. Работниот ангажман му бил во фудбалскиот клуб “Илинден” во Сиднеј. Атмосферата беше преубава со бројни луѓе кои беа желни за убава музика,а уште сум порадосен кога ми е фамилијата околу мене, додаа Гоце.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*