Анета и “Молика” со уште една успешна асвтралиска турнеја

Голема посетеност на сите досегашни концерти кои ги одржуваат во далечната Австралија.

Анета и групата Молика, прават неповторливи концертни доживувања со нашинците во оваа далечна земја. Тие својата турнеја ја отпочнаа уште минатата година поточно на 28 ноември а таа продолжува и понатака во овој јануарски месец, полн со празнувања.

-Имавме многу концерти во повеќе градови низ Австралија, секаде каде што има македонци. За новогодишната ноќ бевме во Мелбурн, во “Граннд неред ресепшн”, си поминавме преубаво. Нормално новогодишната ноќ е најлудата ноќ во годината, така да имавме доста публика, народ, како и секогаш, истакнува Аанета.

Во рамките на нивната моментална австралиска турнеја им преостануваат уште неколку концерти. Како заклучок на досегашното релаизирано, Анета и оваа турнеја ја оквалификува како успешна, слично како и сите досегашни турнеи кои ги остваруваа изминативе години.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*