Фолкерката Ирена во новогодишна фотосесија истакнува: Сама сум и среќна

Минатата година ја заокружи како доста актуелна и барана на бројни настапи и патувања.

Особено на русокосата фолкерка Ирена Спасовска измината година и беше доста турбулентна на приватен план. Впрочем како што и самата истакнува и се случија добри но и лоши работи.

-Да, точно е дека 2018 ми беше турбо година. Како и кај секој човек така и мене ми се случија многу убави настани и лоши, но сметам дека тие лошите работи се исто толку важни, дури и поважни, бидејќи само така може да се исфилтрираат и искристализираат работите или личностите и тогаш знаеме на што сме. Драго ми е што некој негативни луѓе и настани ги ставив на место каде што заслужуваат да бидат, вели Ирена.

Затоа пак, Новата 2019та година ја започна позитивно, со работно темпо и како што вели сега е максимално посветена само на себе и работата.

-Уживам во слободата. Јас сум силна жена и секогаш се потпирам само на себе. За среќа е потребно многу љубов кон себе. Работам доста, патувам а секако годинава ќе има нови песни.

Што се однесува до љубовта односно она што крена најголема прашина во минатата година на љубовен план кај Ирена, таа открива во какви односи се со Орце Гелевски со кој беа во долгогодишна врска.

-Не сме во љубов ама сме во супер професионални и пријателски односи, како нормални цивилизирани луѓе, така да тие што ги интересира ете знаат сега и нека се опуштат, кратко истакнува Ирена.

Како што додава таа помеѓу другото, треба да се биде доволно храбар за да се каже крај и како што вели, да затвориме некоја врата, други врати се отвораат, како и релации со нови луѓе, а притоа со старите да се зачува пристојниот однос.

Токму во овие новогодишни празници Ирена се одлучи да направи и новогодишна фотосесија во која изгледа како и секогаш беспрекорно.

 

Особено е за потенцирање е фактот што на повеќето новогодишни снимања во јавниот сервис каде Ирена беше честа гостинка на фолк емисиите, многумина останаа зачудени дека е повторно доста застапена.

-Битно е дека јас сум таму каде што заслужувам и треба да бидам, а другите нека се чудат  кога немаат свој живот тоа им преостанува, кратко вели Ирена.

Што се однесува пак до тоа како Ирена се справува се се побројните трачеви и колку ја погодува сето тоа таа истакнува:

-Во последно време искрено не перципирам и не докажувам никому ништо, бидејќи и новинарите онака си прават приказни кој што на нив им одговараат. Повеќе ме боли ако ми се скрши ноктот, отколку глупавите трачеви. Ибегнувам да гледам. Посветена сум на мојата ќерка, пријателите кој што ме подрживаат на работата, смирена сум. Периодов уживам во настапите ширум Македонија, се посветувам максимално на себе. Не сум во љубов. Сама сум и среќна. Сватив дека за среќа е доволно да си здрав и жив и луѓето што ги сакам, се друго е неважно, додава Ирена.

На професионален план Ирена во периодов е во преговори за престојни турнеи во Америја, низ Европа како и бројни настапи ширум нашата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*