Година исполнета со бројни турнеи за реномираниот Влатко Миладиновски

Ако оваа година се случи за новогодишната ноќ да биде со своите најблиски, ќеркичката и сопругата, сега

веќе отпочна периодот на неговите патувања. Познатиот Влатко Миладиновски, веќе ја отпочна својата турнеја во Канада, која ја најави при неговото гостување во ИН продукција пред Новата година.

-После Нова година патувам за Канада. За осми март сум во Холандија, Амстердам. Крајот на март патуваме заедно со братми и Дамјан Стојаноски на поголема турнеја во Австралија. Сега сме во преговори, остана отворено прашањето за околу Велигденските празници, бидејќи не знаеме кога ќе се вратиме од Австралија. Договараме за Словенија. Има за Турција договорено, па Швајцарија и Германија. Има навистина доста понуди што не им ги знам датумите на сите. Во меѓувреме почнува и кај нас сезоната на свадби , со веселби и настапи, така да не очекува доста бурен период, истакнува Влатко.

По подолгата пауза од околу шест години во Австралија, како што истакнува Влатко, очекуваат да поминат добро на престојната годинешна турнеја во оваа прекуокеанска земја. Особено со репертоарот на песни кои го имаат токму овие музички имиња кои не некој начин претставуаат стожери во македонската народна песна, неминовно е дека нивната турнеја ќе помине во одлично светло, со преголема посетеност од нашинците и беспрекорни забави кои само Влатко, Златко и Дамјан знаат да ги направат незаборавни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*