Младиот Ангел Стојкоски омилен кај македонците во Америка

Минатата година направи големи и успешни чекори на македонската фолк сцена а оваа за започна со голем проект, турнеја во Америка.

Младиот стружанец Ангел Стојкоски полека но сигурно навлегува во музичката естрада. Помеѓу бројните негови настапи кои ги имаше речиси низ целата година, тој успеа да сними и два видео записи за една негова авторска песна “Како да те преболам” , како и за песната “Абер ми дојде од Солуна града”.

Во моментов Ангел се наоѓа на неговатаголема турнеја во Америка, заедно со своите колеги Елена Велевска, Митко Бежаноски и Илија Тотовски Тота, кои бележат успешни настапи низ повеќето тамошни градови каде што живеат македонци. Посебно за истакнување е тоа што Ангел е еден од поомилените млади македонски пејачи во Америка. Секако  покрај својот репертоар на песни кои ги има Ангел, застапени се и македонските песни од неговите колеги кои се барани од македонците во оваа далечна земја. Досега Ангел бележеше настапи во неколку американски градови, како Њу Џерси, Индијана, Чикаго, Охајо и други.

Неговата турнеја е предвидена да трае до почетокот на месец февруари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*