Иако е србинка, Анита се определи да пее македонска песна

Анита и “Болеро бенд” бележат плодна музичка соработка, особено на македонската естрада.

Иако Анита доаѓа од српската музчка сцена, сепак таа во последниов период се одлучи да соработува со македонски узичари, но и да ја пее македонската песна. Таа, помеѓу другото полека и го изучува македонскиот јазик, со оглед на тоа што е веќе тука и мажена. Како што вели и самата има голема разлика помеѓу македонскиот и српскиот музички пазар.

-Се е преубава доколку можете да се снајдите, ако се вклопите, ако имате добра песна, некој добар хит, секаде можете да поминете. Повторно има разлика помеѓу луѓето, помеѓу репертоарот , но мене ми е добро и овде и таму, вели Анита.

Анита не го исклучува и моментот да даде позитивна критика со оглед на преголемата слушаност на српската песна, тука во нашата земја.

-Овде во Македонија, секоја чест, морам да кажам дека многу се слуша српска музика и многу ми е драго поради тоа. Сепак, овде ми е преубаво, навистина, вели Анита.

Неодамна Анита и “Болеро бенд” ја промовираа својата нова заедничка песна “Само ти”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*