Велевска ги крена на нозе Македонците во САД

Елена Велевска е на турнеја низ САД. Замина уште пред Нова Година, кога и започна со настапите. Охајо, Синсинати, Индијана… пред и за највеселата ноќ, Њу Џерси и Њујорк за Бадник и Божиќ.

Па, преку Рочестер, Лореин, Мајами, Чикаго и Детроит… се’ некаде до почотекот на февруари. Се чини дека на поголема и подолга американска турнеја ниту една македонска пејачка не била.

Елена Велевска како Бијонсе и Ријана, ги крстосува САД. Се разбира нашите иселеници се главната публика на нејзините настапи, иако има и по некој друг од останатите етнички заедници од Балканот, па и понекој американски пријател.

Преполни сали, фантастична атмосфера, неколку илјади распеани грла, на оро фатени и Македонци и сите останати…И младо и старо!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*