Нов дует од Анета-Молика и Гоце Петрески Бананата

„Љубовта е сила, моќ“ е најновата песна на прилепчанецот Гоце Петрески, кој живее во Сиднеј, Австралија. Песната е дует со Анета Мицевска и групата „Молика“. Музиката и текстот се креирани од таткото на Гоце, Иван Петрески. Видео спотот е снимен во Австралија.

Инаку ова е четврт дует на Петрески со Мицевска. Претходните дует песни се : „Кажи Јано“, „Ах љубов верна“ и „Среќно ќе живееме“.

„Со Анета и групата „Молика“ имаме долгогодишно познанство, музички и карактерно се сложуваме и одлично соработуваме. Со песната „Љубовта е сила, моќ“ се комплетира мојот најнов албум „Среќа ми е песната“, што е во финална подготовка. Албумот ќе содржи 12 песни и до крајот на овој месец ќе биде во продажба. Ова е мојот 7-ми албум“, истакна Петрески.

 

Претходно Петрески ги издаде албумите : „Две солзи“, „Те сакам“, „Комарџија“, „Крушки ќе јадам“, „Австралија ќе се оди“ и „Со птиците и кучињата“. Првите два албуми „Две солзи“ и „Те сакам“ му се со прилепската група „Опус“, а додека другите се соло албуми.

 

„Промоцијата на мојот најнов албум планирам да ја направам прво во Австралија, а потоа ако се оди според планот во јули или август оваа година, албумот сакам да го промовирам и во Македонија“, додава Петрески.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*