“Деси и Адути” најавуваат своја авторска песна

Заокружија уште една успешна година на работен план. Битолската група “Адути”заедно со женскиот вокал Деси бележат и понатака бројни работни ангажмани. Најповеќе беа барани во битолскиот регион од каде што и потекнуваат.

-Сега моментално настапуваме во “Император” во Битола. Таму сме како редовно и преку летото свадби, кршетвки, приватни забави и слично. Претежно битолскиот крај, истакнува Игор од бендот.

Неодамна при крајот од мината година “Деси и Адути” реализираа лајв шоу со неколку кавер македонски песни, а не ја исклучуваат и идејата во оваа година да направат и своја автроска песна за своите обожаватели.

-Имаме во план сега. Нека поминат празниците и потоа ќе се фатиме за работа. Во поглед на видео записите ќе направиме и нешто ново, наше. Да слушне народот. Тоа најверојатно ќе биде со ИН продукција, додаваат Игор и Деси.

Инаку долгогодишната соработка и оптстојување на “Адути и Деси” доведува до тоа да имаат еден посебен репертоар при своите настапи, на кој ретко дека некој би останал рамнодушен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*