Велевска и Гавазова на листа за “Music awards ceremony”

Македонските фолк диви Елена Велевска и Сузана Гавазова се најдоа на “Music awards ceremony” каде се влезени во потесен избор на сите останати фолк пејачи од српската естрада. Ова е голем чекор за овие две наши фолкерки кои долго време ги има на македонската естрада , а во последно време права и успешни чекори надвор од нашите граници на музичко поле.

Елена Велевска е предложена за гласање со песната “Недостапна за тебе”, која ја пласираше 2017та година а за која направи и видео запис во соработка со ИН продукција.

Додека пак Сузана Гавазова е пласирана со песната “Опасна за око”. Од минатата година Гавазова веќе направи и соработка со српскиот пазар, каде отпеа српска песна а сними и видео запис за истата.

Помеѓу другото Велевска и Гавазова годинава ќе бележат и заеднички настап надвор од нашата земја, во реномираната дискотека “Палма” во Швајцарија, на 16ти февруари.

Сите фанови на овие две големи фолк имиња може да гласаат на следниот линк:

https://musicawardsceremony.com/kategorijanominacija–narodna-folk-numera?fbclid=IwAR0bHAaDae9Q1y7eVh_wwxb_p8jvEuF0EcRPsil43svgf9XdiEByi_SASMU

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*