Бележи бројни соработки и со музичари надвор од нашата земја каде Дејан е многу баран

Долго време се дружи со својот омилен инструмент саксафонот, а важи и за реномиран сакасафонист кој

потекнува од Гостивар, Дејан Грујевски. Низ неговата долгогодишна кариера од речиси осумнаесет години, има остварено бројни соработки со свои колеги како до нашата земја така и од околните соседни земји.

-Соработувам со добри оркестри кои навистина многу значат во албанската естрада. Исто така и со оркестри тука од Република Македонија. Целта е соработка и веќе се остврени контакти , така што и претходно имало некои свирки и забави и со српската естрада , така да би сакал да успеам и на тој план. Навистина чувствувам дека сум спремен и за таков вид на свирки за пошироко поле на делување на музиката , поширок пазар. Во секоја смисла на музиката сум подготвен да одговорам на предизвикот. Мислам дека со добра соработка и добри колеги и музичари, сакам едноставно да уживам во светот на музиката, истакнува Дејан.

Всушност музиката е таа која на Дејан го исполнува во целост, како што вели и самиот целит процес на музицирање било тоа да биде дома, во студио или пак на некоја свирка. Сето тоа му дава голема енергија и елан за поатамошно творење. Неодамна Дејан снимаше и видео запис за неговото инструментално дело “Модерна фантазија”, со кој најавува почеток на еден цел проект за оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*