Рита Ора во жешки бикини се шегува на своја сметка

Рита Ора, британската пејачка со косовско потекло, празниците ги помина на егзотичните Малдиви. Новогодишниот настап во тамошен луксузен хотелски комплекс го спои со кус одмор, а фановите ги „почести“ со жешки фотографии во бикини.

Освен што по кој знае кој пат ги покажа облините, пејачката се пошегува на своја сметка. До фотографијата во жолти бикини на која со црн принт едвај и се покриени градите напиша: „Очигледно и понатаму не знам кој број на градник носам“.

Пријателите коментираа дека Рита следната година треба да се слика за календар на кој ќе позира во слични изданија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*