Мадона објави божиќна фотографија со своите деца

Иако до неодамна не објавуваше никакви фотографии на децата, американската пејачка и поп-икона Мадона (60) во последно време на социјалните мрежи сè почесто го покажува своето големо семејство.

Така таа со своите следбеници на „Инстаграм“ сподели фотографија каде што позира во друштво на своите четири деца со кои ги помина божикните празници.

Мадона, инаку, има шест деца, и тоа ќерката Лурдес (22) која ја доби во врската со танчарот Карлос Леон, синот Роко (18) од нејзиниот брак со режисерот Гај Ричи, а ги посвои Дејвид Банда, Мерсија Џејмс и близнаците Естер и Стела Мвале.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*