Алиша Кис и Селин Дион ќе пеат за Арета Френклин

Во чест на неодамна починатата кралица на соул-музиката, Арета Френклин, следниот месец ќе биде организиран концерт на кој со свои изведби ќе и оддадат почит музичките ѕвезди како Алиша Кис, Пати ла Бел, Кели Кларксон и Селин Дион.

Компанијата „Рикординг Академи” и магнатот Клајв Дејвис се организиратори на концертот што ќе се одржи на 13 јануари наредната година во Лос Анџелес, Калифорнија. Домаќин и водител на концертот ќе биде глумецот Тајлер Пери.

Снимка на концертот ќе се емитува подоцна во 2019. на телевизиската мрежа Си-би-ес.

Арета Френклин почина од рак на панкреасот во август, на 76 годишна возраст, во нејзиниот дом во Детроит.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*