Лејди Гага повторно ја промени бојата на косата

Пред помалку од една недела, Лејди Гага ја презентираше новата пастелно виолетова боја на коса, но таа за многу краток период се одлучила повторно за промена.

Кралицата на експериментите и драматичните промени, овој пат се претстави во сиво издание и тоа многу невнимателно исфарбана, што веројатно е направено со некоја намера.

Пејачката моментално ја остварува турнејата во САД, која е наречена „Enigma“, а причината за нејзините чести промени на фризурата, наводно е тоа што сака во секој град да се претстави во единствено и ново светло.

Дел од нејзините фанови посакуваат на крајот од турнејата да ја врати својата омилена руса нијанса, по која беше препознатлива.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*