Фантастик бенд годинава ја заокружуваат со видео проект и авторска песна

Годинава ја заокружуваат со видео проект, како и авторска песна која носи наслов “Дари ми љубов”. Фантастик бенд за следната година најавуваат бројни новитети на музички  план.

Фантастик бенд, меѓудругото годинава ја заокружуваат со прва авторска песна која носи наслов “Дари ми љубов”. Кога станува збор за ангажманите во 2018-та велат дека годинава поминала доста работно за нив без ниеден слободен викенд.

-Би рекол дека сме, посебно од 2018-та година сме задоволни затоа што секој викенд беше исполнет со многу музика пред се, радост, убави веселби и прослави. Се надеваме дека и наредната година така ќе продолжи.-истакна Драган Николоски, при интервју за ИН ТВ.

Фантастик бенд се состои од шест искусни музичари, а тие се добропознати на јавноста по нивните бројни настапи и ангажмани, најповеќе на фамилијарните прослави.

-Моментално преориентирани сме најмногу на свадбарскиот дел, така да немаме  баш некое посебно место или посебна локација каде што би можеле да не видат некој ден што не би било викенд или некоја прослава.-додава тој.

Пред извесно време момците од Фантастик бенд, снимија и видео проект во соработка со ИН Продукција. Како што велат, нивниот проект е составен од исклучиво македонски песни, во кои се вметнати и традиционалните инструменти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*