Божикниот хит на Мараја Кери ѝ носи заработка од 625 000 фунти годишно

Еден од најпопуларните божикни хитови, “All I Want For Christmas Is You”, е снимен во 1994 година, а американската пејачка Мараја Кери со изведбата на овој хит се најде на врвот на музичките топ-листи. Сето тоа се повторува секоја година за Божик.

Без оглед на фактот дека песната е објавена пред 24 години, “All I Want For Christmas Is You” сè уште се емитува на радиостаниците.

Американската пејачка секоја година од својот најголем божикен хит заработува голема сума пари, а само оваа година “All I Want For Christmas Is You” ѝ донесе 625 000 фунти.

Иако пред тоа објави три албуми, за својата популарност Мараја може да му се заблагодари токму на овој хит, кој го направи во соработка со музичкиот продуцент Валтер Афанасиеф.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*