“Prosound Production Studio” блесна во ново руво

Едно од најпознатите музички студиа, “Prosound Production Studio” од Прилеп блесна во ново руво. 

-Почитувани клиенти, секоја композиција е составена од низа на ноти, кои креираат една прекрасна и убава хармонија, која и дава душа на секоја мелодија. Нашата Нота, сте Вие. Без вас, ”Pro – Sound Production Studio” ќе немаше можност, да ја состави таа прекрасна хармонија. Дозволете ми искрено да ви се заблагодарам за вашата лојалност, соработка и волја за заеднички успех. Особена чест и задоволство ми е, да ви го претставам новото ”Pro – Sound Production Studio”, со нов професионален изглед, модерен дизајн, уникатен простор и топол амбиент. ПОВЕЛЕТЕ!!!-напиша на фејсбук, сопственикот на студиото, познатиот продуцент Славко Ристески.

Инаку, студиото постои повеќе од 10 години, а во него се снимени бројни хитови од македонската фолк и поп сцена. Анета Наковска, Мартин Стојаноски, Благојче Стојановски-Туше, Ташко Каранфиловски, Оркестар Маестрал, Фаворити бенд-Битола, Сања Ристеска, се само дел од музичките имиња кои имаат одлична соработка со ова студио.

Честитки до Славко од екипата на естрадниот магазин “Естрада плус”. Ви посакуваме уште долги години постоење и успешна работа !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*